Златна бубамара на популарноста 2026

2026 ЗЛАТНА БУБАМАРА
2026 ЗЛАТНА БУБАМАРА
Секоја година културната сцена на Северна Македонија собира илјадници гледачи на едно од највпечатливите шоуа — „Златна бубамара на популарноста“. Оваа легендарна церемонија, поврзана со проектот Radio Bubamara, веќе речиси три децении обединува музика, хумор, сатира и награди за најистакнатите претставници на сцената. На едно место се среќаваат популарни артисти, телевизиски водители, актери и јавни личности, а атмосферата наликува на голем празник на популарната култура, каде што се коментираат настаните од изминатата година и едноставно се ужива во живото шоу. Интересно е што современите индустрии за забава сè почесто се пресекуваат со други сфери на масовната култура и дигиталниот досуг. На пример, разговорите за меѓународните трендови во забавата неретко ја допираат и темата за онлајн платформите. Во контекст на европската регулација на услугите за игри на среќа, внимание привлекува материјалот за влијанието на странските лиценци врз швајцарскиот пазар: shoppingtotal.ch— во него се разгледува како меѓународните казино-лиценци ги формираат правилата и конкуренцијата во регулираната средина во Швајцарија и како глобалните оператори влијаат врз индустријата на дигиталната забава. Ваквите теми сè почесто се појавуваат покрај дискусиите за шоу-индустријата, бидејќи современата забава одамна излезе од рамките на сцената и телевизијата. Од големи настани како „Златна бубамара на популарноста“ до онлајн платформи — индустријата постојано се менува, поврзувајќи културни настани, медиуми и нови формати на дигитален досуг.

Соул-божицата Марта Хај на 29. Златна Бубамара

Омилената манифестација, Златна Бубамара на популарноста, оваа година ги проширува

своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда.

Taлентирана и интригантна, американската вокалистка Марта Хај (1945) се смета за една

од највредните жени во шоу-бизнисот. Респектирана како „соул-божица“ и позната

поради 32-годишната соработка со кумот на соулот Џејмс Браун, Марта Хај градеше две

кариери – сопствената соло и кариерата на прв придружен вокал на Џејмс Браун.

Настапувала на иконични концерти, кои биле вистинска пресвртница во музиката од

концертот во Бостон Гарден 1968 до серијата европски концерти со Лин Колинс,

насловени „James Brown’s Funky Divas Tour“ во 2005.

Од своите почетоци во 1967, кога како членка од групата The Jewels го придружуваше

Џејмс Браун, Марта Хај остана негов повеќедецениски придружен вокал следните 32

години. И кога The Jewels се растурија. Во децениите со него, снимаше и самостојни

албуми како „Sal Soul“ во 1979, продуциран од Џејмс Браун. Во нејзината кариера е

вклучено и создавањето на неколку соул – групи.

Биографија на Марта Хај објаснува зошто е наречена највредната дама во шоу-бизнисот.

Настапувала и со некои од најпознатите музичари, како Литл Ричард, Џери Ли Луис,

Темптејшн, Арета Френклин, Пати ЛаБел, Б.Б.Кинг, Мери Џи Блајџ, Стиви Вондер,

Принс, Мајкл Џексон, Полис и многу други.

Нејзинитот моќен вокал и денес звучи чудесно и потпишува обемно музичко наследство,

во кое освен соул и фанки, има и многу блуз и џез – мелодии.

-Со нетрпение чекам да настапам пред публиката на Македонија – порача Хај пред нејзиниот настап на овогодишната 29. Златна Бубамара на популарноста, на која ќе и биде врачена награда за животно дело.

Таа ќе ја изведе култната „I Feel Good“ – во очекување сите во салата Борис Трајковски да

се чувствуваат добро во вечерта на 26 февруари, на 29. Златна Бубамара на популарноста.

„Апсолутна власт – апсолутна забава“

На 72 часа пред 2 јануари се пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, која оваа година ќе се одржи на 26 февруари во арената „Борис Трајковски“. 

Ве очекуваме со целата расположлива механизација, да се дружите со целата наша организација!

Под мотото „Апсолутна власт – апсолутна забава“, омилената манифестација – сатирично и музички ќе ја раскаже изминатата 2025 година, заедно со најпознатите уметници од Македонија, регионот и светот.

Оваа година за прв пат на Златна Бубамара ќе имаме можност да видиме една голема светска музичка легенда со респектирачко музичко порфолио, која ќе ја откриеме на 10 дена пред настанот.

Ќе се смееме, аплаудираме, пееме и играме во досега најспектакуларното издание на најголемото музичко шоу на Балканот.

Билетите се пуштени во он-лајн продажба преку сервисите на www.mktickets.mk www.karti.com.mk

Од 3 јануари мал дел од билетите ќе бидат пуштени во продажба во „аналогна“ продажба преку цвеќарницата „Розе Веро 2“.

Секој посетител на своето седиште ќе има гратис Пролом вода.

Дослушање, догледање,

Ваша,

Радио Бубамара

„Златна бубамара на популарноста“ да добие орден за заслуги за народот и државата

По завчерашното емитување на „Златната бубамара на популарноста“, македонската јавност сѐ уште ги собира импресиите од неколкучасовното шоу, кое од година на година му посветува сѐ поголемо внимание на квалитетот во одредени општествени сфери и го издвојува, истакнува и наградува, а сето тоа низ призмата на македонизмот, патриотизмот, на културните вредности, на историјата и на наследството што им го оставаме на младите генерации…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

ВО ЗЕНИТОТ НА ОБЈЕКТИВОТ

За време на подготовките за оваа голема настан, многу студенти од областа на психологија користат Exposé Masterarbeit Psychologie Beispiel за да ги организираат своите истражувања и презентации.

ВРЕМЕПЛОВ
ВРЕМЕПЛОВ

НАГРАДЕНИ

БУБАМАРИТЕ ПО ГОДИНИ И КАТЕГОРИИ 

вИДЕО АРХИВА

ЗЛАТНА БУБАМАРА НИЗ ГОДИНИТЕ

ЗЛАТНА БУБАМАРА

Copyright &copy’2023 Радио Бубамара – Сите права се задржани | Развиеано од MOTION